Францускиот „Франс Фудбал“ тврди дека Садио Мане решил да го напушти Ливерпул. Негова следна дестинација, според овој извор, ќе биде Реал Мадрид.
Мане веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи во Англија, има големи заслуги за успешните резултати на Ливерпул, а минатата година заврши на четвртото место во изборот за „Златната топка“.
„Франс Фудбал“ тврди дека Мане сакал да игра само за Реал Мадрид и дека преговорите околу реализацијата на трансферот веќе започнале. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 40 милиони евра, но јасно е дека Ливерпул можат да го продадат за дупло поголема цена.
Мане во кариерата играл за Мец, Салцбург и Саутемптон.