Поранешниот играч на Ливерпул Мохамед Сисоко тврди дека Садио Мане би можел да го напушти „Енфилд“, а не би бил изненаден доколку од клубот замине и Мохамед Салах.
Сисоко смета дека Мане ќе замине во редовите на Реал Мадрид.
„Повеќе го „гледам“ Мане во Реал отколку Салах. Тој има карактеристики што ги сака Зидан. Сигурен сум дека Мане ќе замине во Реал.“
„Не сум сигурен дека и Салах ќе остане во Ливерпул, но сметам дека неговото заминување ќе биде добро за тимот, ќе се отвори место за другите играчи“, рекол Сисоко.
Сисоко во периодот од 2005 до 2008 година одиграл 87 натпревари за Ливерпул. Во кариерата играл и за Јувентус, ПСЖ, Фиорентина…