Top Sport

Мане: Ливерпул може до историска четирикратна титула

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане верува дека неговиот тим е способен да стигне до историска четирикратна титула, иако признава дека за тоа имаат уште многу рабоа пред нив.

Сенегалецот беше човек на мечот при 3:2 победата над Манчестер сити во полуфиналето од ФА купот по неговите два гола, со што остана сонот за четирикратна титула – тие веќе го кренаа Карабао купот, во полуфиналето на Лигата на шампионите играат со Вилјареал, додека во Премиерлигата заостануваат само поен зад Сити.

„Мислам дека е прерано да се зборува за четири трофеи, но сигурно ќе се бориме до крај бидејќи веруваме дека имаме тим кој е способен за таков успех. Ќе го дадеме максимумот. Знаевме дека ќе биде тешко против Манчестер сити, кои ако не се најдобриот тим на светот, тогаш се меѓу најдобрите и тоа мораме да го почитуваме. Ние сакаме да бидеме најдобриот тим на светот и ќе видиме дали ќе успееме“, вели Мане.

Досега, за историски успех се смета тројната титула која Манчестер јунајтед ја освои во 1999 година – ФА куп, Премиерлигата и Лигата на шампиони.

Scroll to Top