Top Sport

Во Премиерлигата од 2015 до 2020 имало 15 позитивни допинг-случаи и ниту една казна

Најмалку 15 фудбалери од Премиерлигата имале позитивни допинг-тестови од 2015 до 2020 година и ниту еден од нив не бил санкциониран, тврди британскиот „Дејли мејл“, откривајќи допинг-скандал во англискиот фудбал.

Вкупно 88 фудбалери од Англија, Велс и Шкотска имале позитивни тестови од 2013 до 2020 година, од кои 15 играле во Премиерлигата. Во 12 случаи на овие фудбалери било потврдено користење на недозволени средства, а тројца од нив имале триамкинолон, кортико-стероид во својот систем, еден позитивен тест на амфетамини.

Ниту еден од случаите не донел суспензија бидејќи се утврдило дека или се работи за случајно користење на дел од допингот преку додатоци за исхрана, но имало и фудбалери кои имале ТУЕ, изземање за користење на средство поради терапевтски причини.

Scroll to Top