Top Sport

Мане: Не е лесно да се адаптираш во Баерн Минхен

Садио Мане признава дека не му е лесно да се адаптира на животот како играч на Баерн Минхен по блескавите шест години на „Енфилд“ по трансферот од 41 милион евра.

30-годишниот Сенегалец освои титула од Лигата на шампионите и Премиерлигата со „црвените“, постигнувајќи 120 гола во 269 настапи за англискиот клуб. Тој не ја продолжи фантастичната форма и во Баварија, и покрај тоа што има шест гола во 12 настапи.

„Засега, оди добро. Да се префрлиш од еден клуб во друг, воопшто не е лесно. Поминав многу убави осум години во Англија, шест во Ливерпул и две во Саутемптон, а сега сум во нова земја, каде што сите работи се поинакви. Морам да се адаптирам, но го знаев тоа кога решив да дојдам во Баерн. Луѓето ми дадоа совршено добредојде и сите во клубот се одлични“, вели Мане за веб-сајтот на УЕФА.

Scroll to Top