Top Sport

Кипруто и Јехуалав победници на маратонот во Лондон

Јалемзерф Јехуалав од Етиопија со 23 години стана најмладата победничка на маратонот во Лондон и покрај тоа што падна на 10 километри пред финишот, додека Кениецот Амос Кипруто во своето деби во маратонот стигна до победа во машка конкуренција со фантастичен финиш.

Јехуалав, која оваа година постави светски рекорд на 10 километри и го имаше најбрзото деби на еден маратон (2:17:23) со победата во Хамбург, ја оправда фаворитската улога откако се одвои од актуелната шампионка, Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните 5 километри за победа со време од 2:17:26. Џепкосгеи заврши втора со 2:18:07 пред уште една Етиопјанка, Алему Мегерту (2:18:32).

Кипруто пак, победи со време од 2:04:39, пред Етиопјанецот Леул Гебресиласе (2:05:12) и Белгиецот Башир Абди (2:05:19).

Scroll to Top