Top Sport

Мане: Не играм Плејстејшн и не одам по забави

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане е во фантастична форма оваа сезона , привлекувајќи го интересот на Реал Мадрид и други европски клубови.

Неговата приказна е типична за фудбалерите кои потекнуваат од сиромашни држави (тој е израснат во Седиу, Сенегал), но неговото однесување надвор од теренот не е толку типично. Тој неколку пати изјави дека научил да игра фудбал бос на терени каде што головите се одбележувале со камења.

„Моите родители не сфаќаа зошто сакам да играм фудбал. Тие ме убедуваа да си заминам од фудбалската академија во Дакар, но не го сторив тоа“, вели Сане.

Тој замина во Мец, Франција на 19 години, и по една година таму се пресели во Ред бул Салцбург. По 45 гола во 87 меча, тој доби повик од Саутемптон во Премиер лигата, пред да направи трансфер во Ливерпул.

Тој вели дека токму во Салцбург последен пат влегол во ноќен клуб, кога се приклучил на соиграчите да прослават титула.

„Никогаш не одев на забави. Не размислував за тоа. Ако не го дадам максимумот, нема да остварам ништо. Ниту играм Плејстејшн. Не сакам да го губам времето на ништо“, вели Мане.

Scroll to Top