Top Sport

Нејмар сака продолжување на договорот со ПСЖ, вели неговиот татко

Таткото на Нејмар ги отфрли шпекулациите за трансфер на неговиот син назад во Шпанија, велејќи дека тој заедно со Пари Сен-Жермен веќе преговараат за продолжување на сегашниот договор, кој трае до 2022 година.

Нејмар Сениор, кој е агент на својот син, вели дека по само две години во Париз нема шанси за преселба, туку веќе се преговара за нови услови за обновување на договорот.

„Тој е во само втората година со договорот со ПСЖ и има уште три години до крајот на договорот, но веќе разговараме за продолжување. Неговото име се поврзува со шпекулации од неговата 17 година, од моментот кога го направи професионалното деби. Нејмар имаше само два трансфери во животот, од Сантос во Барселона и од Барселона во ПСЖ, но шпекулации има веќе 10 години. Шансите дека нема да замине од Париз се огромни, но тоа што постојано го поврзуваат со големите клубови значи дека добро си ја завршуваме работата. Но, тоа не значи дека ќе има трансфер“, вели Нејмар Сениор.

Нејмар има 48 гола и 27 асистенции, а оваа сезона имаше 20 гола и 11 асистенции во 23 меча пред да го повреди стапалото по што следуваше неколкумесечната пауза која уште трае.

Scroll to Top