Top Sport

Мане со уште еден гол, Баерн во 45 минути уфрлија четири во мрежата на Бохум

Садио Мане продолжи со совршениот старт на кариерата како фудбалер на Баерн Минхен, откако во првите 45 минути на мечот со Бохум од третото коло на Бундеслигата постигна уште еден гол, а неговите Баварци веќе имаат 0:4 предност.

Лирој Сане го отвори резултатот по само четири минути игра, Матијс де Лихт во 25. минута зголеми на 0:2, за Кингсли Коман да го уфрли третиот гол во мрежата на домаќините во 33. минута. Мане, откако му беше поништен првиот гол во 40. минута поради игра со рака, во 42. минута се поправи за 0:4.

Scroll to Top