Top Sport

Тренерот на Ајакс ги „боцна“ Јунајтед: Мислам дека тие не играат во Лигата на шампиони

Тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер беше брутален во коментарите кон Манчестер јунајтед и неговиот претходник Ерик Тен Хаг по шпекулациите за трансферот на Бразилецот Антони.

22-годишниот Антони не беше дел од тимот кој победи со 0:1 кај Спарта Ротердам, откако наводно одбива да тренира и инсистира да биде продаден во Јунајтед, но Ајакс ја одбија понудата од 67 милиони фунти и бараат барем 100 милиони евра за него.

„Сакам Антони да остане и претпоставувам дека клубот нема да го продаде. Парите кои се споменуваат се луди, но не би било океј да загубиме уште еден фудбалер. Мислам дека Ајакс се финансиски силни. Го сфаќам Антони, но ако играш за Ајакс играш во Лигата на шампионите, а мислам дека Манчестер јунјтед не играат таму“, изјави Шројдер.

Scroll to Top