Top Sport

Мане за конфликтот со Салах: Понекогаш мораш да го кажеш тоа што го мислиш

Садио Мане признава дека зборувал „лице во лице“ со својот соиграч од Ливерпул Мохамед Салах при бурната 3:0 победа над Барнли пред две недели.

Мане постигна гол во победата, но реагираше луто откако Салах во една шанса во финишот на натпреварот реши дека може сам без да му асистира. Сенегалецот беше заменет во последните минути и врескаше и фрлаше работи кога седна на клупата. Прво се мислеше дека 27-годишниот Мане е лут на Јирген Клоп што го сменил, но потоа стана јасно дека проблемот е Салах. Сепак, Мане вели дека тоа веќе е во минатото.

„Со Салах? Тоа е заборавено. Такви работи се случуваат во фудбалот. Понекогаш треба да му кажеш нешто на соиграчот во лице. Понекогаш не добивам топка, се случува. Но, сега сме смирени и пријатели како и порано“, вели Сане.

Сенегалецот постигна два гола при победата над Њукасл и сега има шест гола во шест меча оваа сезона.

Scroll to Top