Top Sport

Манев верува во позитивен резултат против Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за септемврискиот предизвик во квалификациите за Европското првенство. Во саботоа во Скопје, доаѓа актуелниот европски шампион Италија, три дена подоцна македонските фудбалери ќе играат против Малта во Ла Валета.

Дефанзивецот Јован Манев, се надева дека Македонија може да дојде до позитивен резултат по разочарувачкиот пораз од Украина и дебаклот против Англија.

„На Италија никој не и се заканува, знаеме какво е нивното фудбалско педигре. Знаеме за каква сила во фудбалот станува збор. Но, ние веруваме во позитивен резултат, во спротивно не би биле овде. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот и дека можеме да стигнеме до успех“, изјави Јован Манев.

Македонија ќе ја пречека Италија во сабота (20.45 часот). На италијанската клупа ќе дебитира новиот селектор Лучано Спалети.

Scroll to Top