Голманот на Милан и на француската репрезнтација, Мајк Мањан саркастичн ги коментираше промените на правилата за голманите, велејќи дека можеби од 2026 година, ќе мора да бранат пенали со свртен грб.
По „егзибициите“ на аргентинскиот голман Емилијано Мартинез на Светското првенство во катар, ИФАБ, организацијата која ги одредува фудбалските правила од 1 јули воведе нови правила за ограничување на тоа што смеат да го прават голманите, со казни за допирање на голот и користење на тактики за одложување. Тие исто така не смеат да го прославуваат промашувањето на противикот.
Мањан не импресиониран.
„Новите ИФАБ правила за пенали во 2026: Голманите мора да бранат со свртен грб. Ако пеналот е одбранет, тогаш одиме со индиректен удар“, напиша Мањан на Твитер.
Nouvelles règles de l'IFAB pour les penalties en 2026:
🔄Les gardiens devront être de dos au moment du tir
❌En cas d'arrêt, coup-franc indirect https://t.co/nRpa0wi0b2— Magic Mike Maignan (@mmseize) March 25, 2023