Шокантниот пораз што Грција го доживеа од Ерменија (2:3) во Атина, предизвика бунт во националниот тим. Грците во саботата беа поразени од Италија (0:3), а со поразот од Ерменија на минимум си ги сведоа шансите да изборат пласман на ЕУРО 2020.
Бурно било во грчката соблекувална по поразот од Ермениците. Најолемите ѕвезди во овој состав Костас Манолас и Сократис Папастадопулос ги известиле челниците на Фудбалскиот сојуз дека повеќе нема да играат за националниот тим додека селектор е Ангелос Атастасиадис.
Инаку, по поразот Сократис рекол дека со играта што ја прикажале не заслужуваат пласман на ЕУРО 2020, на што селекторот му одговорил дека доколку не верува во тимот тогаш нема што да бара во репрезентацијата.
Во Ј-група по четири кола води Италија со 12 бода, пред Финска 9, Ерменија 6, БиХ 4, Грција 4 и Лихтенштајн 0 бодови.