Фудбалската репрезентација на Грција ќе биде значително ослабена во првиот бараж натпревар против Хрватска за пласман на Мундијалот во Русија бидејќи ФИФА го суспендира најдобриот дефанзивец Костас Манолас од еден натпревар.
Манолас е суспендиран бидејќи „манипулирал со жолтите картони“ во претпоследниот квалификациски натпревар против Кипар.
Имено на тој натпревар Манолас намерно, во 90.минута доби жолт картон за да може да го пропушти дуелот со Гибралтар, односно да ги „исчисти“ картоните во пресрет на баражот.
Грција во четвток ќе гостува во, без Манолас, во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство. За реваншот во Атина дефанзивецот на Рома ќе биде во составот на Грција.