Top Sport

Манолас потпиша за Наполи

Костас Манолас ги помина медицинските тестови и сега е нов фудбалер на Наполи, комплетирајќи го трансферот вреден 36 милиони евра од Рома.

Грчкиот бек денеска се врати во Рим за во клиниката „Вила Стјуарт“ да ги заврши медицинските тестови со клупскиот доктор на Наполи, по што претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис преку Твитер му порача: „Добредојде, Костас“.

Манолас неодамна наполни 28 години, а игра во Серија А откако дојде во Рома од Олимпијакос во 2014 година за 15 милиони евра.

Scroll to Top