Top Sport

Икарди си замина од кампот на Интер, ќе тренира сам

Мауро Икарди си замина од тренинг-кампот на Интер во Швајцарија за да продолжи да работи на физичката подготвеност само во Милано, објавија „нераѕурите“.

„Мауро Икарди ќе се врати во Милано денеска од подготовките во Лугано. Клубот и аргентинскиот напаѓач ја направија одлуката заеднички. Икарди ќе продолжи со тренинзите во следните неколку дена и нема да биде дел од тимот кој ќе оди на летната турнеја во Азија“, се вели во соопштението на клубот.

Претходно беше објавено дека Раџа Наинголан и Икарди се „исклучени“ од тактичките тренинг-сесии со новиот тренер Антонио Конте и дека работат посебно од целиот тим.

Интер бараат 60 милиони евра за напаѓачот, што претставува половина од сумата од 120 милиони евра колку што се проценуваше тој пред само една година.

Интер им постави „бејбиситер“ на Икарди и Наинголан

Scroll to Top