Top Sport

Манолас снимаше презентација со лав, ама…

Дефанзивецот Костас Манолас од Олимпијакос направи трансфер во Ал Шарјах од Обединетите Арапски Емирати, а имаше непријатна епизода при презентацијата во новиот клуб. Намерата на сопствениците била да направат спектакл по повод трансферот, па на презентацијата донеле лав.

Лавот за време на снимањето лежел на неколку чекори од Манолас и во еден момент испуштил силен крик.

Манолас се исплаши и веднаш побегна од местото на снимање.

Scroll to Top