Top Sport

Марадона: ЦОНМЕБОЛ е зло во фудбалот!

По контроверзната одлука вториот меч од финалето на Копа Либертадорес наместо во Буенос Аирес да се игра во Мадрид, легендата на аргенинскиот фудбал, Диего Марадона влезе во остар напад на ЦОНМЕБОЛ, Јужноамериканската фудбалска конфедерација, нарекувајќи ја „зло“!

Марадона, кој работи како тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадо, посебно е лут на Алехандро Домингез, претседателот на ЦОНМЕБОЛ за оваа „бизарна одлука“.

„Сакам да му кажам на Домингез – како по ѓаволите мисли дека можам да отидам јас со моето семејство на мечот во Мадрид? Што си мисли тој? Сите се богати? Зошто не се игра во Аргентина во Велез. Тие се злото во фудбалот“, вели Марадона.

Најевтин повратен билет од Буенос Аирес до Мадрид следниот викенд (кога има два празници во Шпанија) е 1.500 евра, а за фудбалските навивачи ќе бидат потребни уште пари за билети, за исхрана и за преноќиште.

По хаотичните сцени од минатиот викенд, кога фудбалерите на Бока јуниорс беа нападнати од хулиганите на Ривер Плата, Марадона, инаку страствен навивач и поранешен фудбалер на Бока вели дека ситуацијата воопшто не е „розева“.

„Многу сум лут. Кога ќе дојде време Ривер да дојде кај Бока следниот пат, како ќе влезат во стадионот? Зошто не користеа солзавец како претходниот пат кога Ривер стана шампион. Сега Марсело Галјардо е херој на фановите на Ривер, но навистина нема правда за нас кои го сакаме фудбалот“, додава Марадона.

Бока Јуниорс го сакаат трофејот, нема да играат во Мадрид

Scroll to Top