Top Sport

Бока Јуниорс го сакаат трофејот, нема да играат во Мадрид

Бока Јуниорс немаат намера да го играат финалниот реванш во Копа Либертадорес. Од клубот најавиле дека ќе се жалат на одлуката што ја донесео од Јужноамериканската фудбалска федерација (КОМНЕБОЛ), натпреварот да биде одигран на стадионот на Реал, во Мадрид, на 9.декември.

Од Бока Јуниорс сакаат КОМНЕБОЛ веднаш да им ја врачи титулата и најавија дека на оваа одлука ќе се жалат до Судот за спортска арбитража во Лозана.

До овој суд ќе се жалат и од Ривер Плата, бидејќи КОМНЕБОЛ го казни клубот со 400.000 долари и на два натпревари во Копа Либертадорес го суспендираше стадионот „Монументал“.

Ривер и Бока финалниот реванш ќе го играат во Мадрид

Scroll to Top