Top Sport

Марадона е нов тренер на најстариот аргентински клуб

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона станува нов тренер на домашниот клуб Гимназија и Есгрима, враќајќи се во аргентинскиот фудбал првпат од 2010 година.

„Ѕвездата на светскиот клуб, Диего Армандо Марадона, потпиша да стане нов тренер на Гимназија. Договорот трае до крајот на сегашната сезона“, објави клубот.

Марадона, кого многумина го сметаат најдобриот фудбалер во историјата, претходно беше тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос Синалоа и двапати не успеа да влезе во првата лига по настапот во плеј-офот.

Неговиот нов клуб доаѓа од градот Ла Плата во близината на Буенос Аирес, е формиран во 1887 година и се смета за најстариот професионален фудбалски клуб во двете Америки. Познати како „Ел лобо“ (волци), тимот има само една титула, Копа Сентенарио во 1993 година, а тие се на последното место на табелата во првата лига со само еден поен по пет меча.

58-годишниот Марадона последен пат работеше во Аргентина како селектор на репрезентацијата од 2008 до 2010, а претходно во 1990-тите беше тренр во клубовите Мандију и Расинг.

Scroll to Top