Top Sport

Луда ноќ на Таунс, постигна 56 поени

Карл-Ентони Таунс, крилниот центар на Минесота Тимбервулвс изминатат ноќ постави нов рекорд на франшизата по бројот на постигнати поени.

Тимбервулвс ги победија Атланта Хоукс со 126:114, а Таунс го одигра најдобриот натпревар во својата кариера. Тој постигна 56 поени на кои шридодаде 15 скока и четири асистенции.

Таунс на листата ги мина Мо Вилијамс (52 поени), Кори Бруер (51), Кевин Лав (51), односно Кевон Гарнет (47), Ендрју Вигинс (47).

Scroll to Top