Аргентинската сенаторка, Норма Дуранго пред аргентинскиот конгрес в понеделник ќе претстави проект со кој ликот на Диего Марадона ќе се најде на банкнота од 1.000 пезоси.
Идејата е на банкнотата која има вредност од 12.2 американски долари, на едната страна да е ликот на Марадона, а од другата страна еден од неговите најпознати голови – „Божја рака“, рекла Дуранго.
„Идејата не е само да го препознаеме нашиот најважен идол, туку и да размислиме за економските прашања. Идејата е да се препознае и Марадона, во добро и во зло. Мислам дека проектот доби одличен одзив, иако сите не се сложуваат со него“ смета Дуранго.
Сенаторката вели дека туристите кои е доаѓаат во Аргентина многу извесно со себе да сакаат да понесат банкнота со ликот на Марадона.
Инаку, Аргентинците претпочитаат Марадона да се најде на банкнотата од 10 пезоси:
Les vengo a proponer un sueño pic.twitter.com/C7MWHRtOpz
— Soy el profe (modo navidad) (@SoyElProfe7) November 25, 2020