Top Sport

Марадона до Ибрахимовиќ: Фудбалот те чекаше тебе

Кам-бекот на Златан Ибрахимовиќ во акција за Манчестер јунајтед беше пофален од Диего Марадона со интересна порака: „Фудбалот те чекаше тебе“.

Ибрахимовиќ беше во аут од април кога ги повреди лигаментите на коленото при меч од Лигата на Европа, но 36-годишниот Швеѓанец беше упорен и се врати во тимот на Жозе Мурињо како замена во 4:1 победата над Њукасл во саботата.

Ибрахимовиќ погоди 28 пати за Јунајтед минатата сезона, а „Ѓаволите“ обезбедија три трофеи.

Scroll to Top