Top Sport

Бокс: Претседателот на АИБА поднесе оставка

Претседателот на Интернационалната боксерска асоцијација (АИБА), Ву Чинг-Куо објави дека се повлекува од позицијата за да ги реши „менаџерските проблеми“ во федерацијата откако тој беше суспендиран.

Ву ќе биде заменет со преодниот претседател Франко Фалчинели, потврди дека заминува од позицијата и ќе ги повлече легалните случаи пред цивилните судови во Швајцарија.

„Си заминувам за најдобрите интереси на АИБА“, вели 70-годишниот Тајванец Ву, кој беше претседател на АИБА дури 11 години.

АИБА ќе има вонреден конгрес на 27 јануари во Дубаи за да се смени структурата на управување. Ву беше суспендиран од дисциплинската комисија лани по жалба на 11 члена на извршмниот комитет кои тврдеа дека Ву ги прекршува правилата на асоцијацијата.

Scroll to Top