Top Sport

Марадона ја брани Венецуела: Што бараат овие Јенки?

Аргентинската фудбалска икона Диего Марадона секогаш е познат по својот став за ситуацијата во фудбалот во Аргентина и надвор од неа, но сега реши да се вмеша и во геополитиката, зборувајќи против САД и нивното мешање во внатрешните работи на Венецуела.

Марадона, кој е технички директор на мексиканскиот клуб Дорадос, последната победа на својот тим ја посвети на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на венецуелскиот народ, велејќи дека тие страдаат од политичкото влијание на САД.

„Сакам оваа победа да ја посветам на Николас Мадуро и на сите Венецуелци кои страдаат. Шерифите на овој свет, кои се овие Јенки? Само бидејќи ги имаат најголемите бомби на светот мислат дека се понапред од сите нас, но не е така“, изјави Марадона по неделната 3:2 победа на Дорадос над Тампико Мадеро.

Scroll to Top