Top Sport

Марадона ќе се жени

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Армансо Марадона, наскоро повторно ќе стапи во брак. Марадона ќе ја ожени својата девојка Рокио Олива, со која е во врска веќе неколку години.

Марадона ја запросил својата девојка, а забавата организирана по повод нејзиниот 28.роденден.

Легендарниот фудбалер ја побарал Олива за жена со прстен на кој потрошил 5.000 евра. На роденденската забава имало 45 гости, а Марадона бил тој ги испланирал сите детали.

„Среќна сум што ова ќе биде мојот последен роденден како немажена жена. Сакам засекогаш да бидам среќна со Диего“, порачала Олива.

Венчавката би требало да се случи до крајот на годината, а локацијата се уште не е позната.

Марадона зад себе веќе има еден брак, со Калудиа Килафан. Аргентинската фудбалска легенда и Клаудиа по 17 години во брак се разделија во 2003 година.

Scroll to Top