Диего Марадона со видео порака му честиташе на Дрис Мертенс, откако Белгиецот стана најдобриот стрелец во историјата на Наполи.
Марадона беше најдобар стрелец на „партенопеи“ речиси три децении со 115 гола, додека Марек Хамшик не го помина во декември 2017 година. Словакот си замина од Наполи со 121 гола, кои Мертенс ги израмни во февруари, пред да израмни против Интер во саботата за пласман во финалето на Копа Италија.
„Здраво, Дрис, пријателу! Горд сум на тебе и на рушењето на рекордот, бидејќи вака Наполи станува подобар секој ден. Би сакал да имаме тим кој ќе го надмине тој мојот за да освоиме ново скудето за сите луѓе во Неапол“, вели Марадона во видеото.
Thanks for your kind words! ? Forza Napoli Sempre pic.twitter.com/tlTBeI58oh
— Dries Mertens (@dries_mertens14) June 15, 2020