Top Sport

Марадона: Ништо нема да им оставам на децата, се ќе донирам!

Неверојатна приказна стигнува од Аргентина. Паника во јавноста се крена од изјавата на ќерката на легендарниот Диего Марадона која наговестува дека состојба на нејзиниот татко е многу лоша.

„Мојот татко се убива одвнатре“ – напишала таа. Многумина тоа го разбрале како апел за помош.

Локалните медиуми во Аргентина во напишаното препознаа порака дека екс-фудбалерот полека умира поради чудниот начин на живот.

Но со видео-порака се огласи самиот Марадона кој е многу лут поради сето тоа.

„Не знам што и значеше тоа што имаше да го каже. Она што јас го знам е дека сум се постар и постар, луѓето се загрижени. Во оваа прилика сакам да ви кажам, не планирам ништо да им оставам на своите деца, се ќе донирам во добротворни цели. Не ми паѓа на памет да подарувам нешто за што трчав цел живот. Многу сум здрав, благодарам што се грижите“ – рече Марадона.

Scroll to Top