Top Sport

Реал тргнаа по Робертсон – замена за Марсело

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал сака да го ангажира Робертсон како долгогодишна замена за Бразилецот Марсело кој не е во добра форма во изминатите 18 месеци. Кралевите ова лето го ангажираа Ферланд Менди од Лион.

Робертсон игра добро во редовите на европскиот шампион, па се чини дека трансферот наскоро би можел да се реализира. Челниците на Реал сметаат дека шкотскиот фудбалски репрезентативец е вистинскиот играч за дефанзивата во кралскиот клуб.

Претпоставките се дека Ливерпул ќе постави висока цена за 25-годишниот лев бек кој во 2017 година на „Енфилд“ дојде од Хал Сити.

Scroll to Top