Top Sport

Марадона: Ниту ВАР немаше да ја поништи „Раката на Господ“ (видео)

Легендата на аргентинскито фудбал, Диего Марадона вели дека е добро што видео-технологијата најде поголемо место во светскиот фудбал, но сигурен е дека неговиот контроверзен гол „Раката на Господ“ од Светското првенство во 1986 година немаше да биде поништен.

Во легендарниот меч од четврт-финалето меѓу Аргентина и Англија во Мексико, Марадона постигна два исклучителни голови – вториот со спектакуларно поминување на целиот англиски тим, а првиот со рака со кој го совлада голманот Питер Шилтон.

Тој тогаш опиша дека голот го постигнал „малку со главата на Марадона и малку со раката на Господ“, признавајќи дека стравувал дека судијата Али Бенакер ќе го поништел. Сега, 22 години подоцна, тој е сигурен дека голот ќе бил признает.

„Што ќе се случеше доколку имаше ВАР? Ништо, немаше да играм против ВАР, туку против Англија. Технологијата мора да има улога во фудбалот, бидејќи таа е насекаде. ВАР е одлична работа бидејќи дава слика што се случува на теренот, не само за признавање гол или офсајд“, вели Марадона во интервју со „Омниспорт“.

Марадона се наврати и на вториот гол на тој меч, кој стана познат како „Гол на векот“.

„Мислам дека мојот втор гол е гол што сите сонуваат да го постигнат како деца. Можам да го кажам тоа, бидејќи за мене сонот стана реалност и затоа славев толку. Мислам дека цела Аргентина беше на нозе“, додава Марадона.

Scroll to Top