Top Sport

Марадона: Роналдињо не е виновен, само отиде по работа!

Диего Марадона му даде поддршка на Роналдињо и рече дека бразилскиот фудбалер не е криминалец.

Роналдињо се уште е во домашен притвор, во хотел во парагвајскиот град Асунсион откако беше фатен како влегувал во државата со лажен пасош.

„Тажен сум поради она што му се случува на Роналдињо. Тој не е криминалец, само отиде по работа. Неговата единствена грешка е што им е идол на сите. Тој е мој пријател, ќе го поддржувам до смрт“ – рече Марадона.

Легендарниот Аргентинец се осврна и на пандемијата од коронавирусот и последиците кои светот ги трпи од неа.

„Економијата веќе нема да биде иста. Челниците на државите ќе мора многу повеќе да работат за да ја поминеме кризата. За среќа, Аргентина има сјајни челници и уверен сум дека добро ќе си ја завршат работата“ – смета Марадона.

За потсетување, Роналдињо пред 15 дена беше пуштен од притвор од парагвајскиот затвор. Тој и неговиот брат платија кауција од 1.6 милиони долари за да излезат од затворот и судењето да го чекаат во домашен притвор.

Scroll to Top