Top Sport

Кин од Евертон на журка со манекенки, ги прекршил мерките на Владата

Младиот напаѓач на премиерлигашот Евертон, Моисе Кин (20) ги прекршил мерките на британската Влада за социјална дистан затоа што правел журка со манекенки.

Напаѓачот бил откриен по видео снимка, на која се гледа тој во добро одбрано друштво, на куќна забава.

Од Евертон соопштија дека однесувањето на фудбалерот е неприфатливо, па најверојатно го очекува дисциплинска казна.

„Фудбалскиот клуб Евертон е запознат со инцидентот на првотимецот кој ги игнорирал мерките на Владата и клупските наредби поврзани со пандемијата на коронавирусот. Клубот изразува големо разочарување за играчот и сака да истакне дека таквото однесување е неприфатливо“ стои во клупското соопштение.

Младиот италијански напаѓач не е првиот во Англија кој ги прекршува мерките на Владата за социјална дистанца.

Куќни забави правеа и Џек Грилиш од Астон Вила и Кајл Вокер до Манчестер Сити.

Кин во Евертон дојде минатата година, од редовите на Јувентус за 30 милиони евра. Имаше 26 настапи за „карамелите“ и постигна само 1 гол.

Scroll to Top