Пред својот 60-ти роденден, Диего Марадона даде интересно интервју за „Франс фудбал“, одговорајќи за своите желби уште еднаш да се врати на фудбалскиот терен.
„Сонувам за уште еден гол против Англија, овојпат со десната рака“, изјави низ смеење аргентинскиот идол.
„Боцката“ кон Англичаните, секако, е поради Светското првенство во 1986 година, кога Марадона сам ги елиминираше „трите лава“ во четврт-финалето со два гола – еден фантастичен со слалом низ цела одбрана на противникот, и уште еден, контроверзен, со рака, за која подоцна изјави дека се работи за „Божја рака“.
„Ел Пибе“ исто така зборуваше за тоа кој во моментов е најдобриот фудбалер на светот.
„Мбапе е фантастичен фудбалер, но уште е дете. Меси и Роналдо остануваат најдобри, чекор пред другите и навистина не гледам некој кој е блиску до нив. Ниту еден друг не остварува половина од тие двајца“, додава Марадона.
C'est l'événement de la semaine ! France Football publie un numéro collector consacré à Diego Maradona ! Avec un format plus grand et une interview d'El Pibe de Oro ! ???
Le sommaire complet d'un numéro IMMANQUABLE : https://t.co/gXoNvPArVf pic.twitter.com/i3GjS7NiQO
— France Football (@francefootball) October 26, 2020