Top Sport

Марадона замина меѓу легендите

Диего Армандо Марадона според многумина беше еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Ја водеше Аргентина до освојувањето на Светското првенство во Мексико, во 1986 година што беше врвот на неговата кариера.

Настапуваше за Бока Јуниор, за Наполи и за Барселона, а милиони љубители на фудбалот ширум светот ги обожуваа неговите брилијантни потези и голови.

Легендарниот Диего е творецот на прочуената „божја рака“, контроверзниот гол против Англија на Мундијалот во 1986 година.

Смртта на Марадона го потресе светот, а бројни асови се простуваат од Аргентинецот.

Scroll to Top