Албанскиот репрезентативец Мараш Кумбула го комплетираше трансферот во Рома со двегодишна позајмица со обврска за купување, додека Мерт Четин, Матео Канчелиери и Абрураман Диаби ќе се преселат во Верона.
„Рома претставува голема шанса и предизвик за мене, нешто што не можев да го одбијам. Бев импресиониран од планот на клубот и не се двоумев кога потпишав“, изјави Кумбула.
20-годишниот централен бек, кој е роден и израснат во Италија, беше мета и на Лацио, Интер и Наполи, но Рома успеа да ја добие битката за неговиот потпис, што ќе ги чини 13.5 милиони евра. Тој може да дебитира против својот стар клуб, бидејќи Рома овој викенд игра токму со Верона.
Welcome to #ASRoma, Marash Kumbulla! ?
More details ➡️ https://t.co/Axx0ZC916a pic.twitter.com/MpJq6xfwQb
— AS Roma English (@ASRomaEN) September 17, 2020