Top Sport

Енди Мареј сака името на Маргарет Корт да се отстрани од Австралија опен

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј вели дека организаторите на Австралија опен мораат да го преименуваат главниот терен на гренд слемот кој го носи името на великанката Маргарет Корт поради нејзините „неприфатливи“ изјави за хомосексуалните бракови.

Трикратниот гренд слем шампион вели дека личните ставови на освојувачката на 24 гренд слем титули во сингл, Корт, одат во спротивност со вредностите на светскиот тенис.

„Кога ќе пристигнете на Австралија опен сакате да се концентрирате на тенисот, а името на Корт пречи. Таа очигледно навреди многу луѓе во текот на годините. Мислам дека треба да се смени името на стадионот, иако не знам кој ја носи конечната одлука. Нејзините вредности не се компатибилни со тенисот“, вели Мареј.

78-годишната Корт во минатото честопати даваше контроверзни изјави околу хомосексуалните и трансродовите спортист. Како христијанска свештеник таа изјави дека тенисот е „полн со лезбејки“, додека трансродовите луѓе се „ѓаволска работа“. Минатото лето Австралиската тениска федерација имаше посебна церемонија за одбележување на 50-годишнината на нејзиниот триумф во Мелбурн, кога Џон Мекинро и Мартина Навратилова почнаа кампања за преименување на името на стадионот со името на уште една тениска великанка од Австралија, Ивон Гулагонг.

Scroll to Top