Top Sport

Марега им одговори на расиситите: Идиоти, еб..е се!

Победата на Порто кај Жил Висенте (2:1) остана во сенка на мачните сцени што се случија на 20 минути до крајот на натпреварот. Поради расистички навреди напаѓачот на Порто Муса Марега го напушти теренот.

Ден по натпреварот репрезентативецот на Мали решил преку социјалните мрежи да ги „поздрави“ навивачите на Жил Висенте, но и главниот судија на натпреварот.

„Сакам да им порачам на тие идиоти што дојдоа на стадионот да извикуваат расистички пароли. Идиоти, еб..е се! Исто така едно големо благодарам за судијата кој не ме заштити. Му благодарам и што ми додели жолт картон кога си ја бранев бојата на кожата“, напишал Марега на „Твитер“.

Напаѓачот на Порто доби подршка од Жил Висенте но и од многу други клубови.

Scroll to Top