Top Sport

Премиер лигата подготвува посебен трофеј за Ливерпул

Ливерпул во моментов веројатно се најдобриот тим во светот. Екипата што ја предводи Јирген Клоп игра фантастично, особено во Премиер лигата каде имаат 25 победи и само едно реми во досегашниот тек од сезоната. Единствениот пораз го имаат доживеано уште во септември од Наполи со Карло Анчелоти, во Лигата на шампионите.

Ливерпул ќе ја освојат титулата во Премиер лигата, тука веќе не постои никаква дилема. Прашањето е само дали до нема можат да стигнат без пораз, нешто што му успеа на Арсенал во сезоната 2003/2004.

Поради она што го одиграа таа сезона под Арсен Венгер играчите на Арсенал го добија прекарот „Непобедливи“, а Премиер лигата на крајот ги награди со посебен, позлатен трофеј.

Трофеј со ист дизајн, само со помали димензии, Премиер лигата подготвувала и за Ливерпул.

За да го добијат играчите на Јирген Клоп ќе треба да останат непоразени до крајот на сезоната.

Scroll to Top