Челзи, изминатиот викенд загуби од Манчестер јунајтед (2:1), во дербито на колото. „Сините“ од петата минута играа со фудбалер помалку и неможеа да го избегнат поразот. Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, знае кој е првиот фаворит за освојување на титулата.
Мареска зборуваше за Ливерпул и нивниот одличен почеток на сезоната пред натпреварот од Лига купот против Линколн. Тој истакна дека ќе биде многу тешко за другите тимови да се натпреваруваат со нив:
„Ако продолжат да играат вака, мислам дека е невозможно да ги стигнеме. Не само ние, туку и сите други клубови“, рече Мареска.
Тој се осврна и на преодниот рок на „Црвените“:
„Завршија фантастична работа од минатата година. А играчите што одлучија да ги доведат ја покажуваат намерата на клубот повторно да се бори за трофеи во Премиер лигата и Лигата на шампионите, тоа е сосема јасно.“
Челзи има кадровски проблеми. Кол Палмер е надвор од терените поради повреда и сè уште не е познато колку долго ќе биде надвор од теренот:
„Медицинскиот тим не ми спомна ништо за операција. Но, не знам дали ќе се врати во наредните денови или во наредните недели. Искрено, не знам. Но, мора да го заштитиме Кол 100отсто. Поради Светското клупско првенство, тој не застана оваа година. Мора да го спасиме“, вели Мареска и продолжува:
„Мора да одлучиме кое е најдоброто решение. Не е наивна повреда. Има денови кога се чувствува подобро, кога болката исчезнува. Но, потоа се влошува и мора да се справува со тоа секојдневно.“