Манчестер сити потврдија дека Ријад Марез потпишал нов договор. Алжирецот ќе остане до 2025 година во Манчестер сити.
Алжирецот зад себе има уште една силна сезона. Поранешниот играч на Лестер одигра вкупно 47 натпревари на кои забележа дури 24 гола и девет асистенции.
Крилниот напаѓач дојде пред четири години од Лестер за сума од над 60 милиони фунти и се покажа како сигурен играч. Без разлика дали од клупата, или кога ќе започне натпреварот – Марез речиси секогаш носи предност.