Ријад Марез во 73. минута повторно покажа колку е важен играч во тимот на Пеп Гвардиола, постигнувајќи убав гол на „Сантијаго Бернабеу“ за да ги донесе Манчестер сити до 0:1 водство во вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.
По 4:3 победата во Манчестер, сега на 13-кратниот европски шампион, Реал Мадрид му е потребно да даде два гола во помалку од 20 минути за да избегне елиминација во полуфиналето. Во финалето веќе се Ливерпул, кои вчера со 3:2 ги победија Вилјареал.
Ffs but Mahrez is too goodpic.twitter.com/QAn1h86PEx
— S? (@Skengtial) May 4, 2022