Top Sport

Марез хоспитализиран поради труење со храна

Ријад Марез е хоспитализиран поради труење со храна. Според медиумите во Саудиска Арабија, Алжирецот се отрул во еден од рестораните во Џеда.

Махрез во средата одигра пријателски натпревар за Алжир против Сенегал, забележа асистенција за победа на неговата репрезентација. По враќањето во Џеда, бил на вечера, а кога дошол дома се пожалил на болки во стомакот и морал да побара помош.

Првите анализи покажале присуство на бактерии во желудникот и дека се работи за се освен за безопасно труење.

Инаку, пред само десет дена, Марез по втор пат се венча со својата избраничка Тејлор Вард, откако првпат си кажаа „да“ во јануари 2022 година на свадба по исламски обичаи.

Втората свадбена церемонија се одржа во Лондон, а на церемонијата беа присутни двете деца на Марез од претходниот брак, како и девојчето што го има со Вард.

Како и бројните ѕвезди од Европа, и Марез летово замина во Саудиска Арабија, каде што ќе заработува 30 милиони евра годишно откако потпише тригодишен договор со Ал Ахли.

Scroll to Top