Top Sport

Марез: Лестер ми украдоа две години од животот

Ријад Марез, најдобриот играч во Премиер лигата од шампионската сезона на Лестер 2015/2016, летото во 2018 година ги напушти „лисиците“. Преговорите околу неговиот трансфер во Манчестер сити беа долги и напорни, на крајот „граѓаните“ платија 60 милиони евра.

Колку напорни преговори во тоа време воделе Лестер и Сити зборува е податокот дека Марез одбивае да трениера со „лисиците“.

„Јасно ми е дека останав без две години врвен фудбал. Изгубив две години!“, рекол Марез за „Франс Фудбал“ и продолжил.

„Зошти? Бидејќи можев да бидам во Сити кога имав 24 или 25 години, јас таму стигнав на 27. Лестер ме блокираа. Ми велеа дека не можам да заминам“.

Во тоа време покрај Сити сериозен интерес за Алжирецот покажувал и Арсен Венгер менаџерот на Арсенал.

„Мојот менаџер разговараше со Венгер, кој навистина сакаше да ме донесе во Лондон. Работата со Арсенал во 2016 година речиси беше завршена. Навистина бев фрустриран. Не беше лесно од најдобар играч во Премиер лигата да бидеш дел од екипа што се бори за опстанок“, заклучил Марез.

Scroll to Top