Top Sport

Дончиќ одличен, Маверикс немоќни пред Селтикс (Видео)

Бостон Селтикс против Далас Маверикс ја забележаа шестата победа во низа и со скор седум победи и еден пораз ја предводат табелата во Источната конференција во НБА лигата. Синоќешните натпревари ги обележа и дуелот помеѓу ЛА Клиперс и Торонто Репторс. Каваи Ленард го одигра првиот меч против тимот со кој минатата сезона ја освои титулата.

Бостон играат одлично од почетокот на сезоната. Далас Маверикс се нивната последна жртва. Селтикс победија 116:106, благодарение на серијата 17:3 што ја направија во завршните минути од последната четвртина.

Кемба Вокер постигна три тројки во таа серија, а мечот го заврши со 29 поени. Одличен меч за Селтикс одигра и Џејлен Браун (25 поени, 11 скока).

Далас не успеаја да го избегнат и покрај тоа што Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантен меч. Словенецот заврши со 34 поени, шест скока и девет асистенции.

Лос Анџелес Клиперс на колена ги грлија актуелните шампиони Торонто Репторс. Клиперс победија 98:88 иако Ленард против својот поранешен тим постигна само 12 поени. Мечот беше решен во последната четвртина кога Репторс за девет минути постигнаа само осум поени.

Резултати:

Детроит Пистонс-Минесота Тимбервулвс 114:120
Сан Антонио Спарс-Мемфис Гризлис 109:113
Њу Орлеанс Пеликанс-Хјустон Рокетс 116:122
Голден стејт Вориорс-Јута Џез 108:122

Scroll to Top