Top Sport

Марез за Гвардиола е медицински феномен – не може да се повреди!

Ријад Марез во овој момент е можеби играчот во најдобра форма кај Манчестер Сити, што го потврди со двата гола во минатото коло против Астон Вила.

Сезонава доби вистинска прилика на „Итихад“ и максимално ја користи, погоди седумпати на 18 меча во Премиерлигата.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола често сака да ги ротира играчите за да го намали ризикот од повреди, но Шпанецот вели дека кај Марез тој проблем не постои.

„Разликата меѓу минатите и тековната сезона е тоа што тој игра повеќе минути затоа што тренерот е пољубезен со него. И нивото на кое играше минатата сезона е добро. Тој сака да игра фудбал. Ги гледате неговите нозе, тој е невозможно да се повреди затоа што нема мускули. Во последната третина од мечот е посебен, секогаш имам чувство дека ќе даде гол“ – рече Гвардиола за својот играч.

Scroll to Top