Top Sport

Арсенал во ПСЖ го најде решението за проблемите во одбраната

Арсенал е во напредни преговори за доведување на левиот бек на ПСЖ, Лајвин Курзава. Англиските медиуми пишуваат дека денеска се расправало за клучни детали во врска со доведувањето на Курзава кај „топчиите“.

27-годишниот фудбалер има договор со „светците“ до летоска, по што станува слободен играч, но Арсенал сака да го доведе уште овој месец за да го реши проблемот што го има на таа позиција.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го презема тимот неодамна, во период кога сите ѕвезди во екипата сакаа да го напуштат клубот.

На позиција лев бек Кајран Тирни поради проблеми со рамото не е во комбинација, а Хектор Белерин и Роб Холдинг имаат проблем со влегување во форма, па не се ниту блиску до она што се очекува од нив.

Со слични проблеми се бори и Сеад Колашинац, па улогата лев бек ја презема тинејџерот Бакајо Сака.

Репрезентативецот на Франција би бил идеален во моментов за четата на Артета.

Курзава во ПСЖ стигна од Монако во 2015. за 25 милиони евра, а оттогаш осви три титули шампион на Франција, три Купа и три Лига купа.

Го краси техничка поткованост и добра физичка кондиција. Интересно е тоа што тој е првиот дефанзивец што во ЛШ постигна хет-трик, во 2017 година против Олимпијакос.

Scroll to Top