Top Sport

Марија Соле ќе суди во Серија А

Натпреварот од осмото коло во Серија А помеѓу Сасуоло и Салернитана, кој е на програмата оваа недела, ќе остане запишан во историјата на италијанскиот фудбал.

Имено, судија на оваа ќе биде Марија Соле и со тоа ќе стане првата жена судија на натпревар од Серија А.

Соле има 32 години, досега судела во Серија Ц и Б, како и еден натпревар во Купот на Италија.

Досега единствено најпознатата фудбалска судијка, Французинката Стефани Фрапар, имала можност да суди во елитниот ранг на машкиот фудбал. Таа ја дели правдата во француската Лига 1.

Исто така, Фрапар, ќе суди и на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top