Реал Мадрид и Бенфика преговараат за позајмица на Маријано Дијаз во Лисабон, објавува португалскиот весник „Рекорд“.
27-годишниот напаѓач од Доминиканската Република би сакал да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но Реал Мадрид се обидуваат да се ослободат од „вишокот“ во клубот, откако Дијаз одигра само пет меча во Ла лига минатата сезона со еден постигнат гол.
Досега, Дијаз ги одбиваше сите предлози за позајмица или трансфер, тврдејќи дека е среќен што е во Реал Мадрид.