Top Sport

Марио Балотели доаѓа во Црвена звезда?

Новиот тренер на Црвена звезда Дејан Станковиќ најавил вистинска „трансфер-бомба“ во јануарскиот преоден рок. Српски „Курир“ пишува дека Марио Балотели би можел да го облече црвено-белиот дрес.

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата е член на Бреша, а со актуелниот тренер на Црвена звезда биле соиграчи во Интер во 2010 година.

Балотели, поради расистичките навреди на кои е исложен во Италија изразил желба да го напушти клубот, а првиот човек на Бреша рекол дека нема да му прави проблеми и дека може да замине во јануари.

Според „Курир“ Балотели би пристигнал во Црвена звезда во летниот преоден рок кога ќе биде слобден играч.

29 годишниот фудбалер во Бреша заработува 900.000 евра годишно.

Балотели во кариерата бил играч на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манчестер сити и Интер.

Scroll to Top